Искористи интересен метод за да докаже колку се штетни цигарите

Уште се сомневате во опасноста од цигарите? Овој мал експеримент може да ви помогне во одлуката.

„Лудиот руски хакер“ како што се прослави на Youtube со неговите кул експерименти и разни трикови за олеснување на животот, овој пат во малку поблагородна мисија. Користејќи картон, филтер за кафе, правосмукалка и се разбира – цигара, тој демонстрира што точно вдишувате со пушењето на само една цигара.

„Најинтересно“, вели тој, „е тоа што наводно, овие цигари веќе имаат филтер кој би требало да ве заштити од сите овие штетни честички. А погледнете колку е валкан“.

Па вие сега пресметајте си колку и што внесувате во телото, дневно.

- Реклама -