Иранскиот ајатолах до Хамас: Не нè предупредивте за вашиот напад врз Израел, и ние нема да влеземе во војна во ваше име

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска на палестинската милитантна група Хамас и соопшти дека Иран нема да влезе во војна против Израел во нивно име.

„Не не’ предупредивте за вашиот напад врз Израел на 7 октомври и ние нема да влеземе во војна во ваше име“, пренесуваат британските медиуми за пораката.

Британските медиуми цитираат „тројца високи функционери“ кои наведуваат дека Хамнеи му кажал на Ханија дека иако Иран дава политичка поддршка за Хамас, земјата нема „директно да интервенира“.

Иранскиот лидер, наводно, побарал од Ханија да ги „замолчи гласините“ во Хамас кои повикуваат Иран и Хезболах „со полна сила“ директно да се приклучат на војната против Израел, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Прочитајте и:  Турски извори демантираат дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција

МИА

- Реклама -