Иран: Повиците на Франција, Германија и Британија за воздржаност при нападот врз Израел немаат политичка логика

Иранското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека повикот на Франција, Германија и Велика Британија за воздржаност во нападот на Израел „нема политичка логика“ и „се коси со принципите на меѓународното право“.

-Без никакви приговори за злосторствата на ционистичкиот режим (Израел), изјавата на Е3 дрско бара Иран да не реагира на кршењето на неговиот суверенитет и територијален интегритет, рече портпаролот на министерството Насер Канани, пренесоа британските медиуми.

Тој ги повика Париз, Берлин и Лондон „еднаш засекогаш да застанат против војната во Газа и против Израел“.

Техеран и неговите сојузници Хамас и либанската шиитска група Хезболах го обвинија Израел за убиство на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, додека израелската влада не ја презеде одговорноста.

Прочитајте и:  Трамп вети силна војска и крај на војните

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден и лидерите на Франција, Германија, Италија и Велика Британија вчера издадоа заедничка изјава во која го повикаа Иран да се „откаже“ од заканите за напад на Израел.

Во заедничката изјава објавена, лидерите на сите пет земји ја изразија својата поддршка за повикот на САД, Катар и Египет за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Газа со цел да се постигне договор што е можно поскоро.

- Реклама -