Иран издаде итно предупредување (НОТАМ) авионите да го избегнуваат нејзиниот воздушен простор

Иран денеска издаде итно предупредување (НОТАМ) до сите авиони да го избегнуваат нејзиниот воздушен простор и да го сменат курсот.

„Џерусалем Пост“ наведува дека оваа одлука на иранските власти претпоставува скорешен напад врз Израел.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска на самитот на Г7 дека нападот на Иран и милитантната група Хезболах врз Израел може да започне денеска.

Израелскиот новинар и аналитичар на ситуацијата на Блискиот Исток, Барак Равид, за портолот Аксиос вќера изјави дека нападот би можел да се случи денеска, земајќи за свои извори тројца американски и израелски официјални лица.

Израелски претставник за Си-Би-Ес Њуз рече дека споредено со нападот од 13 април, Израел овојпат очекува поагресивен напад од Иран.

Прочитајте и:  Турски извори демантираат дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција
- Реклама -