iPhone 6 и 6 Plus нанесуваат тежок удар на Galaxy Note 4 во неговата татковина

 

Хистеријата за iPhone 6 и постариот брат iPhone 6 Plus не одмина ниту една држава во која се пласирани, затоа нема зошто да се изненадите од податокот дека новите смартфони на Apple предизвикуваат голем интерес и во Јужна Кореја, каде што ќе се продаваат од 31 октомври.

Изненадувањето сепак доаѓа од тоа што прелиминарните нарачки за нив ги надминуваат сериозно овие за Galaxy Note 4, со оглед на тоа што зборуваме за татковината на Samsung, каде што компанијата е тотален лидер на пазарот со цели 63 проценти удел. Apple е дури на четвртото место со само 6% , а  пред неа се уште LG I 22% и Pantech со 7%.

Трите најголеми мобилни оператори во Јужна Кореја почнаа да прифаќаат порачки за iPhone 6 и 6 Plus минатиот петок и според Wall Street Journal границата од 100 000 порачани уреди веќе е надмината. За споредба – само 30 000 барања однапред има Galaxy Note 4 во истиот временски период.

Само во првите 30 минути операторот KT Corp регистрирал 50 000 нарачки за новите смартфони на Apple. LG Uplus кој е контролиран од LG пак открива дека нарачаните кај него примероци за првите 20 минути се 20 000, како и дека прелиминарните нарачки за Galaxy Note 4 не пристигнале со толку секавично темпо, како оние за двата нови модели на iPhone. Најголемиот корејски оператор SK Telecom не објави конкретни бројки, но го потврди големиот интерес.

- Реклама -