Apple издаде официјално соопштение во кое е преставен планот за лансирање на новите iPhone 5s и iPhone 5c во над 30 држави ширум светот, а меѓу нив е наведена и Македонија и тоа под уставното име, секоја чест за тоа.
iPhone 5s и iPhone 5c по пуштањето во продажба на 20 септември во само неколку држави, сега започнуваат со вистинска глобална офанзива, пред се во Европа и Азија. Пласманот ќе се одвива во две фази, најпрво на 25 октомври смартфоните ќе бидат достапни во 30 земји, а од 1 ноември во уште 16, меѓу кои и Македонија.
Тоа не наведува да помислиме дека Apple веќе нашол партнер кај македонските оператори преку кои и официјално ќе се врши продажбата на новите iPhone 5s и iPhone 5c. Инаку достапноста се однесува на можноста за порачка на Apple уредите од App Store или пак од официјалните продавници и препродавачи на компанијата.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk