iPhone 5s е направа за следење која ја нарушува вашата приватност

Откако помина првичното воодушевување, се чини дека Apple наиде на поголем број на проблеми со новите телефони iPhone 5S и 5C отколку што очекуваше. По објавувањето на спецификациите и цената на телефоните, финансиските пазари останаа неимпресионирани, што доведе до пад од 5 отсто на акциите на Apple.

М7-процесорот постојано ги собира локациски податоци на корисникот, кои пред сè треба да овозможат поточни податоци за рекреативните (спортски) апликации, иако за жал ова истовремено може да значи и зголемување на податоците до кои може да стигнат владините агенции како NSA.

Корисниците можат да ги исклучат локациските услуги, но останува нејасно дали е можно да се исклучат процесите на M7-процесорот кои го следат движењето. Проблемот е поголем и поради врадениот скенер на отпечатоци со кој се отклучува телефонот.

Иако компанијата тврди дека отпечатоците се енкриптирани и се чуваат единствено на A7-процесорот на телефонот, сепак експертите предупредува дека лесно може да се случи отпечатоците на корисниците да го пронајдат патот до NSA.

[youtube]http://youtu.be/TJkmc8-eyvE[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -