iPad Mini претставен на настан во Сан Хозе

Apple го претстави својот нов таблет – iPad Мini – на настан во вторникот во Сан Хозе, Калифорнија. Новиот таблет има дијагонала од 7,85 инчи што му дава предност пред 7 неговите 7 инчни конкуренти.

iPad Mini е дебел 7,2 милиметри и тежи околу 300 грама или 53 проценти помалку од iPad. Mini има 7,85 инчен дисплеј со резолуција од 1024×768, што го прави 35 проценти поголем од 7 инчниот дисплеј на Android таблетите како Nexus 7 или Kindle Fire HD мп со помала резолуција.

Претседателот на Apple, Тим Кук ја посочи физичката големина на дисплејот, велејќи дека iPad Mini има површина од 190 квадратни сантиметри, споредено со 7 инчните Android таблети кои имаат површина од 141 квадратен сантиметар. Во внатрешноста, таблетот има A5 процесор, истиот систем на чип како и iPhone 4S и iPad 2, и 802.11ab/g/n Wi-Fi радио.

HD камера е сместена во рамката на предната страна со друга 5 мегапикселна камера на задната страна. Моделот е дизајниран со алуминиумска позадина, слично како и кај поголемиот iPad. Како и поголемиот брат, Mini има батерија која трае 10 часа и ќе биде достапен во црна и бела боја.

Покрај iPad Mini, Apple најави и четврта генерација на iPad таблетот со нов A6X процесор кој има двојно поголеми GPU и CPU перформанси. Почетната цена на iPad Mini ќе биде 329 долари за моделот со 16GB меморија – значително повеќе од Nexus 7 и Kindle Fire HD кои чинат само 199 долари – сè до 659 долари за моделот со 64GB меморија. Првите модели ќе бидат достапни на 2 ноември.

- Реклама -