Јапонската компанија Бриџстоун објави дека нема да го обнови спонзорскиот договор за Олимписките и Параолимписките игри кога ќе истече оваа година.
Од претходно беше познато дека спонзорствата нема да ги обноват Тојота и Панасоник.Бриџстоун е партнер на Олимписките игри од 2014 година.
На овој начин Интернационалниот олимписки комитет ќе остане без трите главни спонзори.
Тојота е единствената која јавно објави дека не е задоволна од начинот на кој ИОК ги распределува средствата добиени на име спонзорство и дека овие пари не се користат на најдобар начин за поддршка на спортистите и промоција на спортот.
Бриџстоун, како и Панасоник, не излезе во јавноста со слични изјави. Токму спротивното. Бриџстоун најави дека станува збор за прераспределба и промена на стратегијата на брендот кој сака повеќе да се фокусира на мотоспортот.