Со инвалидска количка на фудбалски терен (видео)

инвазијаШтотуку ќе помислиме дека сме ги виделе сите форми на стрикери и деке нема ништо што може да нè изненади, Дери Фелтон се појави на терен во неговата количка. Овој осумнаесет годишен фан на Нортхемптон Таун не му дозволил на неговиот хендикеп да го спречи да излезе на теренот за да прослави гол против Ротерам.

Нортхемптон во моментот губел 2:0, но по овој гол успал да се врати во игра и да обезбеди многу важен бод. По настанот Фелтон изјавил дека сè „било матно“ но дека имал облог со негов пријател дека ќе излезе на теренот. Фановите го подржале Фелтон со аплауз додека еден од редарите безволно трчал по него. Претставник на клубот изјавил дека Фелтон нема да биде казнет за инцидентот.
 {youtube}SOZWFbT_E_0{/youtube}

- Реклама -