Интернет игри совршени за на работа

gamescreenПотребна ви е малку забава додека сте на работа и намуртено гледате во мониторот правејќи се дека работите? Доказ дека не сте единствените со такви потреби е новиот портал cantyouseeimbusy.com (или во превод – зарем не гледаш дека работам точка ком). Овој сајт ќе ви овозможи да имате совршен алиби и одлична забава.


Потребна ви е малку забава додека сте на работа и намуртено гледате во мониторот правејќи се дека работите? Доказ дека не сте единствените со такви потреби е новиот портал cantyouseeimbusy.com (или во превод – зарем не гледаш дека работам точка ком). Овој сајт ќе ви овозможи да имате совршен алиби и одлична забава.

3751

Оваа веб страница ви нуди неколку забавни игри, спакувани во типично работно опкружување. Така ќе можете да играте Понг скриен во Ворд, или да управувате со ракета која се движи низ табелите во Ексел. И она што е најдобрo – оддалеку никој нема да забележи ништо сомнително. На сајтот дури и се наоѓа статистика колкава штета е нанесена на светската економија заради тоа што работниците играле наместо да работат. Можеби е ова почеток на некоја револуција. Слобода за работниците!

- Реклама -