Интернет го прогласи мачоров за најкул продавач на пазарче што сте го виделе

Во Виетнам на пазар ќе сретнете еден нетипичен продавач на риба што отскокнува од својата конкуренција. Ем е облечен далеку подобро, ем е позабавен, ем е посладок. Што би рекле Арапите, овој може да ви продаде песок и среде пустина.

Додуша, со продажбата се бави неговиот сопственик, додека неговата улога е повеќе во сферата на маркетингот. Понекогаш своите услуги им ги нуди и на другите продавачи на пазарчето.

Го викаат Dog („куче“), иако всушност е мачка. Ама сеедно. Важното е што ако го видите на пазар, шансите дека ќе купите баш од тезгата што ја „опслужува“ се зголемуваат неколкукратно.

А вака си го поминува слободното време:

 

 

- Реклама -