Интересни декоративни лепенки

Повеќе...Овие лепенки ќе ви го направат животот поинтересен:) Лепенки за во соба, купатило… за секаде.

Овие лепенки ќе ви го направат животот поинтересен:) Лепенки за во соба, купатило… за секаде.

Часовник лепенка
a97016_g012_1-big-ben
Дизајниран во познатата форма на Биг Бен, оваа огромна ѕидна лепенка нуди повеќе од само декорација – тоа е часовник. Овој часовник работи на обични АА батерии и би стоел супер во секоја соба.

Лепенки за гаража
a97016_g012_7-garage
Дури и обична гаража може да привлече внимание – ако ги има овие 3Д лепенки. Дизајнирани се од германската фирма StyleYourGarage и се од висок квалитет, па не се деформираат на сонце или дожд.

Лустер лепенка
a97016_g012_9-chandelier
„Лустер лепенката“ дава впечаток дека имате стар и здодевен лустер – дури и кога немате:) Секако, оваа лепенка доаѓа во многу форми.

Лаптоп лепенки
a97016_g012_4-lap-top
Овие лепенки сигурно дека ќе го одвојат вашиот лаптоп од преостанатите.

Лепенки против крадци
a97016_g012_8-antiteft
Како да го заштите вашиот автомобил/велосипед/мотор од крадци? Користете ги овие лепенки! Вашето возило ќе изгледа старо и оштетено, па никој нема да сака да го ограби. Ама не нè држете за збор…:)

Лепенки како огледало
a97016_g012_6-mirror
Дизајнирани од Tonka Design, не само што се интересни, туку имаат и практична примена. Тие исто така се користат и како огледало. Благодарение на ласерската технологија, ги имаме во најразновидни форми.

Лепенки за во бањата
a97016_g012_2-bathroom
Овие смешни лепенки можат да се стават на мазни ѕидови, прозорци, мебел, санитарии – збогатувајќи ја вашата бања. Сигурни сме дека нема да останат незабележани.

Лепенки за во базен
a97016_g012_5-swiming2
Ако имате базен и барате со што да го декорирате, ова можеби ќе ви помогне. Можат да се залепат на дното од базенот и се UV отпорни.

Нелизгачки лепенки
a97016_g012_3-slip
Бањата не е место каде што сакате да се лизнете. Но, сакале или не сакале тоа се случува. Само ставете ги овие лепенки на дното од кадата или плочките и немате гајле. Дизајнирани од Ivan Duval и Jean-Sebastien Ides од Atypyk Paris.

Лепенки за над глава
a97016_g012_10-bed
Ова се лепенки кои даваат оригиналност на вашиот кревет. Нешто како „wallpaper“ во вашата спална соба.

- Реклама -