Имано ресторанот во Лондон, не е познат по одличната храна или добрата услуга. Наместо тоа, овој ресторан за азиска храна добива големо внимание заради уникатниот начин на нарачување преку екрани осетливи на допир и проекциони системи кои им дозволуваат на муштериите да нарачаат директно од шефот на кујната што го прави целиот престој таму комплетно интерактивен.
Имано ресторанот во Лондон, не е познат по одличната храна или добрата услуга. Наместо тоа овој ресторан за азиска храна добива големо внимание заради уникатниот начин на нарачување преку екрани осетливи на допир и проекциони системи кои им дозволуваат на муштериите да нарачаат директно од шефот на кујната што го прави целиот престој таму комплетно интерактивен.
Секоја маса во Имано има свој сопствен прожектор на слики, што значи дека секој ужива во храната врз еден голем компјутерски интерфејс. Ова овозможува неколку интересни искуства, како можноста да се избере „mood“ на масата, односно неколку различни слики и видеа.
Додека го чекате да стигне јадењето, можете да кликнете на камерата во кујната и да погледнете како тоа се припрема или можете да играте неколку различни компјутерски игри на табла (како Battleship), а кога сте готови сметката ја добивате буквално на маса, а можете и да погледнете на мапа за да го испланирате вашата следна дестинација и како да стигнете до таму.
Најдобриот дел е можеби, разгледувањето на менито – храната се појавува проектирана во чинијата на која ќе ја јадете. Иако целото искуство е тотално автоматизирано и можеби помислувате дека нема потреба од келнери (во човечка форма) нив ги има во Имано ресторанот – за да ја донесат храната и да одговараат на прашањата за системот.