Интер го сака и Евра

Според медиумите од Италија, ’Нероаѕурите’ прават напори да ангажираат уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед, и Патрис Евра е на листата со желби на новиот сопственик Ерик Тохир.

Во последно време често се говори дека тимот од Џузепе Меаца ќе потпише со Немања Видиќ, кој неодамна соопшти дека нема да го продолжи договорот и ќе замине од Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната.

Медиумите од Италија пренесуваат дека спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио вчера бил на Емирати Стадионот и ја следел средбата помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Извештаите велат дека тој бил во Лондон за да ги следи перформансите на Немања Видиќ, но и да оствари контакт со агентите на Патрис Евра.

Французинот исто како и Немања Видиќ е под договор со ’Црвениет Ѓаволи’ до 30. јуни, и сеуште не донел одлука за својата иднина.

Се говори дека левиот бек е играч по мерка на тренерот Валтер Мацари, но Интер нема да има лесна задача бидејќи за Патрис Евра интерес пројавуваат Јувентус и Монако.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk

- Реклама -