Во последно време често се говори дека тимот од Џузепе Меаца ќе потпише со Немања Видиќ, кој неодамна соопшти дека нема да го продолжи договорот и ќе замине од Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната.
Медиумите од Италија пренесуваат дека спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио вчера бил на Емирати Стадионот и ја следел средбата помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Извештаите велат дека тој бил во Лондон за да ги следи перформансите на Немања Видиќ, но и да оствари контакт со агентите на Патрис Евра.
Французинот исто како и Немања Видиќ е под договор со ’Црвениет Ѓаволи’ до 30. јуни, и сеуште не донел одлука за својата иднина.
Се говори дека левиот бек е играч по мерка на тренерот Валтер Мацари, но Интер нема да има лесна задача бидејќи за Патрис Евра интерес пројавуваат Јувентус и Монако.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk