Познатата поговорка „Убав/а на мама, паметен/а на тато“ и не толку вистинита, бидејќи изгледа дека интелигенцијата пред се ја наследуваме од мајката.
Научниците уште во далечната 1984 година докажале дека гените на мајката најмногу придонесуваат за развој на мисловниот центар во мозокот, а потоа се спроведени уште неколку истражувања, кои само ја потврдиле оваа теза.
Имено овие истражувања покажале дека децата имаат најголеми шанси за наследување на мајчината интелигенција, бидејќи генот, кој ја одредува се наоѓа во хромозомот Икс.
По овие истражувања е докажано дека мајчиниот коефициент на интелигенција е најдобар индикатор за предвидување на интелигенцијата на детето, а потоа и дека мајчинската љубов е клучна за развој на одредени делови од мозокот, поврзани со интелигенцијата.
Затоа ако сакате мали генијалци, прво пронајдете голема генијалка и земете ја за жена!