Инсталација од чоколада (видео)

Во последно време чоколадата е убедливо омилениот медиум на огласувачите. Последен пример кој сведочи за овој тренд е овој чоколаден ѕид, кој е дел од кампањата на бисквити „Роки“, a се наоѓа во одмаралиштето Алтон Тауер, во Стафордшир, Англија.

Станува збор за чоколадна инсталација која опфаќа повеќе елементи и препреки исполнети со ова слатко задоволство. Чокохоличарите ќе може да го започнат патувањето качувајќи се по чоколаден ѕид, потоа ќе продолжат низ тунел исполнет со чоколадни трошки, за на крајот да стигнат до гребен висок десет метри, каде ќе може да уживаат во чоколаден водопад, низ кој ќе течат 70.000 литри течна чоколада на час.

За помалку храбрите посетители ќе биде поставен и посебен дел за набљудување на акцијата, со дел за седење што може да се гребе и потоа да се почувствува опојниот мирис на чоколадата. Ова ќе биде најголемата мирисна структура адапатирана за гребење во светот, а нејзините микро-молекули ќе може да се помирисаат на оддалеченост од речиси еден километар.

{youtube}1_FlN9lQzYU{/youtube}

- Реклама -