Instagram воведе нови веб профили

Две години откако пристигна на iPhone, Instagram лансираше придружник за нивната апликација за споделување и филтрирање на фотографии во понеделникот.

Највпечатливиот елемент од новите веб профили, кои ќе им бидат постепено претставени на корисниците, е сличноста со Facebook Timeline. Анимиран ротирачки мозаик од Instagram фотографии го зафаќа истиот простор како и Cover фотографијата на Facebook Timeline со мал аватар, куса биографија и статистика за следачи сместени под него.

Фотографиите се организирани во обратен хронолошки редослед; кликнете на еден и ќе се појави во вистинска големина заедно со коментарите. За првпат корисниците ќе можат да оставаат коментари на фотографиите и да следат нови корисници.

Сличноста на профилите со Timeline не е изненадувачки со оглед на тоа што во септември Instagram беше купен од Facebook за 715 милиони долари. Ова наведува дека во идни верзии би можеле да видиме уште поголема интеграција помеѓу двете мрежи.

Прочитајте и:  Вештачката интелигенција ќе ни креира содржини за Фејсбук и Инстаграм
- Реклама -