Facebook ги налути корисниците на Instagram, откако ги промени условите за користење, дозволувајќи продажба на фотографиите од сервисот, кој, пак, е во сопственост на социјалната мрежа.
Промената предизвика бурни реакции од корисниците на Facebook, иако овој потег е сличен со сценариото од 2011 година, со Twitpic и Twitter.
Промената во условите за користење на Instagram гласи дека „сите сервиси или дел од нив може да бидат поддржани од приходите остварени преку огласите“, но и дека „за да му помогнете на Facebook да создаде интересни платени или спонзорирани содржини и промоции, се согласувате дека некој огласувач може да плати за мрежата да му ги покаже вашето корисничко име, лајкови, фотографии и статуси што се поврзани со спонзорираните содржини и промоции, без никаква компензација“.
Ова значи дека фотографиите на Instagram може да се користат за маркетиншки цели, без никаква консултација со сопственикот, а сите средства од продажбата ќе одат кај Instagram. Не постои опција да ја избегнете оваа форма, односно единственото решение е да престанете со користење на сервисот и да ги избришете фотографиите до 16 јануари, 2013 година. [Instagram seeks right to sell access to photos to advertisers]