Инспирација од провинцискa вила во Чикаго

Во продолжение ви прикажуваме двокатна вила во Чикаго, Илиноис. На првиот кат има дневна соба и кујна, спална соба за гости и бања. На горниот кат има дневна соба, голема спална соба и бања.

Благодарение на Африканските детали, провинцискиот стил, како и рачно изработената керамика – резултатот е уникатен и примамлив. Теписите додаваат дополнителен контраст во просторијата.

Маса

2(988)

За масата се користат водоводни цевки како ногарки, а површината за јадење претставува реставрирана врата. Украсен во антички стил, салонот со темни дрвени полици му контрира на ултра модерното остварување.

Дрвото како  уметничко дело на масата додава органски елемент во атмосферата.

Кујна

4(871)

Отворените полици, направени од реставрирани дрвени греди, додаваат провинциски шик кон оваа инаку елегантна современа кујна. Освен тоа даваат можност за изложување на колекцијата од керамика.

Простор за јадење

3(932)

Таа пресоздава клупска атмосфера. За тоа придонесуваат столчињата, мебелот и темниот под.

Бања

6(646)

Бетонскиот вид на бањата е решение кое ги комбинира современите тенденции со провинциалност. Комбинацијата сива / бела става акцент на модерниот изглед.

Спална соба

7(579) 1(938)

Мебелот е штедлив и ненаметлив. Доминираат природните тонови.

- Реклама -