„Кога животот ќе ти даде лимони, направи лимонада“.
16 недели стариот „боксер“ Данкан Лоу, бил роден со деформација на задните нозе и карлицата.
Волонтерите од здружението Panda Pow Rescue, заедно со ветеринарите, одлучиле дека најдобра опција е да му се ампутираат задните две нозе, бидејќи за ова куче, секој чекор претставувал агонија.
По операцијата – чудо. Само за неколку дена, кучето проодело на двете предни нозе!
Аманда, член на здружението, вели дека Данкан бил толку среќен што весело скокал низ станот. Изгледал како да танцува. Тоа било доволна причина таа да го засака и да го присвои. Денес, кога и да го однесе на шетање, Данкан едвај чека да си игра со другите кучиња. Неговиот хендикеп воопшто не го спречува.
Ова храбро и инспиративно куче е доказ дека во животот ништо не е невозможно.