Уште од колонијалната ера, младите завршувајќи го своето образование, слушаат уште едно последно предавање, односно говор за време на студиите. Со говори на познати личности како Џон Кенеди, Стивен Колберт и Сузан Сонтаг, оваа колекција нуди голем број на инспиративни цитати, кои се смешни, смирувачки и мудри.. Ние ви нудиме некои од најдобрите:
– “Животот е импровизација. Немаш идеја што следува и најчесто измислуваш работи, додека минува времето. “
Стивен Колберт, Северозападен Универзитет, 2011
– „Сфаќам дека стремежот кон мир не е толку драматичен, колку стремежот кон војна … Но немаме повеќе итна задача.”
Џон Кенеди, Американски Универзитет, 1963
– „Не можете да се искачите по скалилата на успехот со рацете во џебовите.”
Арнолд Шварценегер, Јужнокалифорниски Универзитет, 2009
– “Работи напорно, биди фин и неверојатни работи ќе се случат!”
Конан О ‘Брајан, Дартмаут колеџ, 2011
– “Бидете храбри, бидете храбри, бидете храбри!”
Сузан Сонтаг,1983
– “Сфатив дека ништо во животот не е корисно, освен ако не преземаш ризици.”
Дензел Вашингтон, Универзитет на Пенсилванија, 2011
– “Сите ќе имате да направите многу нешта, па дури ќе завршите некои од нив.”
Голдберг, Савана колеџ за Арт и Дизајн, 2011
– “На светот не му е гајле колку пати си паднал, додека бројот е помал од патиштата под кои си зачекорил“.
Арон Соркин, Сиракуза Универзитетскиот, 2012