„Инспектори на АХВ влегоа без налог и извршија масакр врз птиците“, тврдат од ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје попладнево соопшти дека инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) без налог, решение или каков било друг доказ упаднале во Зоолошката и убиле неколку десетици птици. ЗОО Скопје, како што се наведува, за ова дело ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ, инспекторите и лицата кои со оружје упаднале во ЗОО Скопје.

-Од изутринава без налог, решение или каков било друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба на диркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк, обвинуваат од Зоолошката градина.

Прочитајте и:  АХВ: Потврденo присуство на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје, „отстранети“ над 30 птици

Од Зоолошката градина посочуваат дека целта е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затворање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот.

Зоолошката градина во Скопје денеска е затворена, а на социјалните мрежи и во медиумите беа лиферувани информации за појава на „птичји грип“. Од АХВ за МИА потвдија дека нивни инспектори се во ЗОО Скопје и дека со во текот на денов со соопштение ќе информираат за што станува збор.

- Реклама -