Инсекти-шпиони

ph200710080135ppp3Политички активисти на своите митинзи во Вашингтон и Нујорк забележале чудни инсекти над нивните глави. Некои се сомневаат дека тоа се инсектоидни  високотехнолошки направи за набљудување, а некои скептично тврдат дека тоа се само вид вилински коњчиња…


ph2007100801353Политички активисти на своите митинзи во Вашингтон и Нујорк забележале чудни инсекти над нивните глави. Некои се сомневаат дека тоа се инсектоидни  високотехнолошки направи за набљудување, а некои скептично тврдат дека тоа се само вид вилински коњчиња…

Ниедна служба не признава дека има  развиено таква софистицирана направа за набљудување  во вид на инсект, но еден дел од нив признаваат дека прават напори во тој поглед. Познато е дека некои федерални служби одгледуваат живи инсекти со вграден компјутерски чип. Таквите инсектоидни мини роботчиња би служеле за следење и набљудување на осомничени или за пронаоѓање преживеани во урнатини. Техничките предизвици за создавање вакви инсекти-роботи се обесхрабрувачки и најголем дел од експертите се сомневаат дека таков модел би можел денес да биде развиен.

Од друга страна, познат е фактот дека ЦИА усовршиле модел на инсект-шпион  уште во 1970 год. Дури и скептиците тврдат дека тој модел би можел досега да биде усовршен и употреблив. Мали летечки роботи се користеле од страна на војската уште за време на втората светска војна, а во последниве децениии бројот и нивото на софистицираност на таквите направи рапидно е зголемен.

Документите на министерството на одбрана во САД набројуваат  околу 100 различни модели во употреба, некои мали колку птица. Но од таа големина на птица да се дојде до големина до инсект не е проблемот само на големината односно само во тоа да се направат нештата помали, тврдат експертите.  Дури и кога би се надминале техничките пречки за создавање  мали инсекти роботи, тоа би било секогаш ризична инвестиција. Тие лесно би можеле да бидат изедени од некоја птица, или да бидат фатени во мрежа на пајак.
 
Околу прашањето што се крие позади сведочењата на очевидците  сепак мислењата се поделени. Aктивистите за човекови права го испитуваат случајот, бидејќи постоењето на такви направи за набљудување на политичките активисти би било значајно кршење на човечките права.

Од друга страна научниците тврдат дека имајќи ги во предвид тековните достигнувања во технологијата таквите сомневања се неосновани.

[Dragonfly or Insect Spy? Scientists at Work on Robobugs.]

- Реклама -