Иниеста прогласен за најдобар фудбалер во Европа

Во конкуренција на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, спортските новинари од Европа го избраа шпанскиот репрезентативец Андрес Иниеста за најдобар фудбалер на Стариот континент за 2012 година.

Сосема заслужено, Иниеста откако беше избран за најдобар играч на Европскиот шампионат во Полска и во Украина, на денешната свечена церемонија во Монако го понесе и епитетот најдобар на Стариот Континент.

Андрес Иниеста изминатиот период е еден од најзаслужните фудбалери за освојувањето на бројните титули на Барселона, но и закитувањето на шпанската репрезентација со светската и европската круна.

Минатата година титулата најдобар во Европа, која ја избираат спортските новинари од континентот, ја доби Лионел Меси.

- Реклама -