Инфузија на млада крв може да спречи стареење

Идејата дека млада крв може да го забави процесот на стареење е доста популарен мит, но една нова студија демонстрира дека таа идеја и не е толку смешна.

Сол Виледа од Стенфорд Универзитетот ги претстави своите резултати кои посочуваат дека е возможно да се подмлади мозокот на стари животни со инфузија на крв од помлади животни. Очигледно Ким Јонг-Ил, кој наводно постојано добивал инфузии од млади девици сепак имал право.

Виледа опишува серија експерименти во кои циркулаторниот систем на млад и стар глушец биле поврзани, за да ја споделат истата крв. По прегледот на стариот глушец направен по неколку дена, Виледа открил знаци за негирање на процесот на стареење: во неговиот мозок имало повеќе матични клетки и зголемување од 20 проценти во врските помеѓу невроните.

Дополнителни експерименти покажале дека дури и само плазмата од помлади животни ги подобриле когнитивните функции кај постарите глувци. Оваа студија се надоврзала на претходна студија во која мозоците на глувци започнале да стареат побрзо кога добиле инфузија од постари глувци. Што значи ова за апликација кај луѓето? Виледа објаснува:

„Дали инфузија на помлада крв може да има ефект кај луѓето? Сè повеќе мислам дека одговорот е да. Пред три години не мислев така.“ Сепак, пред да почнете да ѝ давате крв на вашата баба важно е да се спомне дека студијата сè уште не е ни официјално објавена, а не пак тестирана. [Young blood can reverse some effects of ageing, study finds]

- Реклама -