„Инфомакс“ го прашува Заев каква маса си купил Боки 13

Иако не очекува тој и јавноста да добијат одговори, а очекува нови закани со тужба,  должноста му наложувала да ги постави овие прашања, базирани на информации за случајот „Рекет“ кои стигнале до него, а до кои јавноста сè уште нема пристап, пишува Александар Митовски, главниот и одговорен уредник на порталот „Инфомакс“, кој во јавноста ја „протече“ првата страна од записникот од сведочењето на Орце Камчев.

Како што вели Митовски, во дел од разговорите помеѓу Бојан Јовановски (алијас Боки 13) и пријавителот Камчев, првоосомничениот на бизнисменот му покажал фотографија на која е во друштво на премиерот Зоран Заев. Фотографијата била направена во домот на Јовановски, а двајцата седеле на новата маса на Боки 13, барем според она што, според „Инфомакс“, Боки му го кажува на Камчев. Според порталот, разговорот одел вака:

„Да видиш дома како ми е наместено“ – му објаснува Бојан на Орце, а Орце коментира – „Топ масава, топ парче“. Боки 13 реагира дека Камчев не го забележал најважниот детал од фотографијата: „Аха, а овој?“, посочува Јовановски. „Премиерот?“ – прашува Камчев, на што сега првоосомничениот во „Рекет“ одговара: „Беше и ЗЗ“. Додава и дека „во понеделникот“ разговарал со него.

Во продолжение на текстот, „Инфомакс“/Александар Митовски му поставува низа прашања на премиерот Заев. Меѓу нив и: Каква маса си купил Бојан Јовановски, и дали столчињата се удобни за седење? (Останатите ТУКА). Одговорите на овие прашања Одговори на овие прашања би разјасниле многу нејаснотии, но и би го намалиле товарот врз грбот на премиерот за наводна вмешаност во случајот „Рекет“ и со Боки 13.

- Реклама -