Инфинити ја освои наградата на La Design Challenge

SYNAPTIQ покажува каква ќе е интеракцијата помеѓу човекот и машината во 2029 година.

Проектот SYNAPTIQ на Infiniti ја освои наградата на публиката во единаесеттото издание на дизајнерскиот конкурс Los Angeles Auto Show Design Challenge. Овогодинешната тема на ова веќе престижно дизајнерско натпреварување беше „Како автомобилите ќе комуницирате со нас во 2029 година“.

Уметниците на автомобилската компанија „псегнаа“ во иднината со 3D холограми и технологии, кои веројатно ќе бидат дел од секојдневието на секој возач, создавајќи услови за постојана и корисна интеракција помеѓу човекот и машината. За да покажат дека овие футуристички технологии можат да го направат возењето уште поинтерактивно, дизајнерите на луксузната јапонска марка создадоа патен триатлон наречен ARC Race, кој вклучува трка во воздух, на рели, или тркачки патеки. За секоја од трите ситуации SYNAPTIQ обезбедува универзална конструкција и шасија на прототипот.

Проектот на Infiniti доби најмногу онлајн гласови на Фејсбук страницата на конкурсот, а за прв пат во 11-годишната историја на LA Auto Show Design Challenge, публиката има можност да избере свој фаворит во однос на преостанатите конкуренти кои овој пат ги имаше вкупно шест.


 

- Реклама -