Бутикот Инфинити заокружува две години постоење и две години создавање на екстравагантна модна приказна.
Препознатлив по понуда различна од сите, ексклузивни модели, уникатна облека и пред се квалитетна и со потпис од реномирани производите, Инфинити е омиленото место за облекување и стилски изградување на многу познати градски лица.
Како екслузивен застапник на познати модни куќи од Истанбул, бутикот Инфинити носи дел од моделите на познат бренд од високата мода, на чии ревии моделите ги носат познатите манекенки Ирина Шајек и Миранда Кер.
„Инфинити за мене е повеќе од бутик, тоа е бесконечна модна приказна, префинето и истенчено чувство за мода што потекнува уште од мојата баба којашто била позната како градска дама со многу екстравагантен стил. Чувствотот за стилот и модата ги градев уште од мали нозе кога наместо сликовници листав модни списанија. Инфинити е олицетворение на моите визии и идеи за стилот и модниот израз, поради тоа во иднина правам проширување на продажната мрежа, правејќи ги модните парчиња на брендот, подостапни за потрошувачите“, вели Емилија Пенова, младата сопственичка на бутикот Инфинити.
Овој моден салон се издвојува како поинаков од сите затоа што покрај уникатноста и прапознатливоста на понудата, дел од моделите се преработуваат и првичниот дизајн се менува според желбите на купувачите. Со тоа дополнително се потенцира уникатноста и индивидуалноста на секој што ги носи овие модели.
Преку стилски совети и препораки Инфинити го менува модниот израз на скопјанки во урбан а притоа сепак екстравагантен, несекојдневен и уникатен.
Со картичките за привилегирани купувачи им овозможува на скопјанки олеснет пат до саканата промена на стилот.