Културата на рециклирањето, во комбинација со „направи сам“ движењето, во домот внесе еден куп нешта за кои никогаш не помислувавме дека можат да се дел од ентериерот. Сето тоа е проследено со многу иновативност и креативност и стигна до степен обично грубите и гломазни предмети да изгледаат прекрасно во склопот на домашната атмосфера. Тоа особено важи за водоводните цевки во улога на полици, лустери, закачалки…