Индискиот Јао Минг (видео)

ИндијаИндија е втората најголема држава во светот (според бројот на населението), а до сега, ниту еден кошаркар оттаму не дошол ни блиску до НБА лигата. Сето тоа можеби ќе се смени со Сатнам Синг Бамара, играчот кој е висок 213 см, а има само 14 години.

Индија е втората најголема држава во светот (според бројот на населението), а до сега, ниту еден кошаркар оттаму не дошол ни блиску до НБА лигата. Сето тоа можеби ќе се смени со Сатнам Синг Бамара, играчот кој е висок 213 см, а има само 14 години.

Сатнам Синг Бамара

Скаутите од најсилната кошаркарска лига на светот веќе го следат ова младо момче од Индија, кое за разлика од просечните играчи со таа височина, покажува знаци на далеку подобра координација на теренот (барем за неговата возраст). Истиот веќе бил повикан во IMG академијата за кошарка во Флорида, заедно со 11 врсници и 12 врснички од неговата земја. На видеото од академијата лесно ќе го препознаете помеѓу неговите врсници:
{youtube}Pez1sU11hFE{/youtube}
Дали ќе се случи Сатнам Синг Бамара некогаш да зачекори по стапките на Јао Минг? Се работи за огромен потенцијал, но само времето ќе покаже.
- Реклама -