Индиската полиција ќе смирува протести со чатали и лут пипер

slingshots-and-chilli-balls-600x337[1]

Во обид за подобра контрола на толпата при протести, полицијата на северна Индија реши да го подзанемари модерниот арсенал со некои некои помалку модерни решенија, како чатали и вреќи со лут пипер. Одлуката е донесена откако анализите покажале дека овие „несмртоносни“ оружја можат да се покажат како поефективни од водените топови и солзавецот.

„Многу е подобро отколку пукање со пластични куршуми кои можат да предизвикаат сериозни повреди“, вели Анил Кумар Рао, Генерален инспектор на полицијата во областа харјана Хисар. „Ќе се користи само во итни случаи, со цел да обезбедиме минимална колатерална штета“.

Моментално, полицијата тренира прецизност и користење на овие „специјално дизајнирани“ локално произведени чатали, како и на пластичните топки исполнети со чили-прав. Во ситуација на протест, ако лутиот пипер не покаже ефект, планот е да се премине на џамлии.

Фала богу, некои луѓе се загрижени дека џамлиите испукани од мини-катапулти (чатали) можат да предизвикаат тешки повреди за цивилите. Шефот на полицијата во областа Џихд негира: „Џамлиите и чили-топките не предизвикуваат трајна штета, но имаат доволно сила за да ги потиснат демонстрантите. Полицајците се советуваат да користат чатали и солзавец, а да ги чуваат пиштолите (со ќорци) како последна опција“.

„Не е дека планираме да користиме џамлии врз мирни демонстранти. Наменети се само за непријателски настроени толпи. Мораме да истапиме и да преземеме одредени акции кога луѓето палат владини имоти, возила. Ова е многу, многу позитивен чекор – цивилизирано и евтино оружје…“, па пак продолжува со она истото „многу е подобро отколку пукање со пластични куршуми кои можат да предизвикаат сериозни повреди“.

Којзнае, може џамлии и лут пипер не болат толку многу, ама фрли ги врз толпа и ќе добиеш прилично изнервирана толпа (која после мораш да ја пукаш со гумени куршуми).

chili-powder-600x400[1]
Пиперот никогаш повторно нема да биде ист.
- Реклама -