Индијката Фогат дисквалификувана, тежината од 100 грама над дозволеното ја чини медал на Олимпијадата

Винеш Фогат од Индија е дисквалификувана по пласманот во финалето борење слободен стил на Олимпијадата во Париз.

Фогат која се натпреваруваше во категоријата до 50 килограми, при мерењето на телесната маса беше 100 грама потешка од дозволеното за нејзината категорија.

Во финалето Индијката требаше да се бори со Сара Хилдебрант од САД.

Сега Фогат ќе биде заменета од Кубанката Јуснеилис Гузман, која ја совлада во полуфиналето со 5:0.

Прочитајте и:  Дуплантис го прослави светскиот рекорд со поза како турскиот стрелец Дикеч
- Реклама -