Индија сака да обезбеди долгорочна испорака на ураниум од Русија

Русија и Индија најверојатно ќе постигнат договор за долгорочна испорака на ураниум за нуклеарна централа во индиската држава Тамил Наду, пренесува Блумберг, цитирајќи високи претставници кои сакаа да останат анонимни.

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска пристигна во дводневна посета на Русија и се очекува неговата посета да ја зајакне економската и воената соработка меѓу двете земји.

Соработката во цивилната нуклеарна сфера не потпаѓа под режимот на американските санкции против Русија.

Цената на ураниумот на светските берзи се зголеми повеќе од три пати од крајот на 2020 година, а се предвидува дека пазарите ќе бидат „затегнати“ до 2029 година.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина
- Реклама -