Ова е дефинитивно едно од нештата што не треба да ги направите барем еднаш во животот.
Во Италија, на Алпите, се одржа најголемиот слаклајнинг (балансирање по еластично јаже) фестивал – The International Highline Meeting. Слакерите, како што самите се нарекуваат овие екстремни авантуристи, покажаа колку е кул чувството кога се што имате наместо тло е јаже, по кое смртта гази само чекор зад вас, обидувајќи се да ве докачи.
Ако мислите дека тоа е страшно, почекајте да дознаете што е главната „награда“ за овие херои. Вистинската забава почнува дури кога ќе пристигне времето за одмор и попладневна дремка. Откако успешно ќе се избалансираат до средината на јажето, слакерите поставуваат мрежи за лежење во кои кампуваат и уживаат во неповторливите глетки.
И додека тие се прават фраери и сликаат селфи на кои може само да им се завидува, мислам дека ние, останатите, ќе се задоволиме и со мрежа оптегната на некоја плажа, или во дворот.