Има само девет месеци и не се плаши од разбеснатите бранови

Татко и син од Порторико заедно тргнале на „јавање“ на бранови, а снимките од овој потфат се неверојатни.

Сурферот Џорџ Тирадо направи нешто несекојдневно кога го зеде со себе својот деветомесечен син и го поведе во авантура.

Таткото и синот од Порторико заедно тргнале да се борат со брановите, а снимките од овој потфат го освоија светот.

„Никогаш не би го одвел својот син во опасност. Го држев Џорџ цврсто цело време и неговите ноџиња беа околу мојот стомак“, вели Тирадо и додава дека сурфањето не е толку опасен спорт колку што навидум делува.

Тој првото искуство со синот го забележал со GoPro камера додека на другата сурф даска го следел неговиот колага.

Оваа снимка за кратко ја видоа илјада луѓе ширум светот, а покрена и голема дискусија на социјалните мрежи.

- Реклама -