Илон Маск ќе ги пресели SpaceX и X од Калифорнија поради законот за трансродови лица кој спречува училиштата да ги известуваат родителите

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека ќе го пресели седиштето на двете негови фирми – компанијата за вселенски ракети, „Спејс-Икс“ и платформата „Икс“, од Калифорнија во Тексас.

Сѐ тоа, откако гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом потпиша Нацрт-закон со којшто се спречува училиштата да бараат од нивниот персонал да ги известува родителите чии деца покажуваат знаци дека се трансродови или да споделуваат информации за нивната сексуална ориентација. Законот беше изготвен како одговор на најмалку седум училишни одбори во Калифорнија кои донесоа правила за наставниците да мораат да им кажат на родителите дали нивното дете почнува да користи име или заменка што не одговара на нивниот пол.

„Ова е последната капка. Поради овој закон и многу други што му претходеа, а коишто го напаѓаат семејството и бизнисот, ‘Спејс-Икс’ сега ќе го премести своето седиште од Хоторн, Калифорнија, во Старбејс, Тексас“, напиша Маск во своја објава.

Објаснувајќи ја одлуката да го пресели „Икс“, пак, во градот Остин, Маск истакна дека „му се смачило од избегнување на бандите насилни зависници од дрога кои влегуваат и излегуваат од зградата“ во Сан Франциско.

Прочитајте и:  Украина првпат ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев, во Брјанскиот регион

Бизнисменот го пресели седиштето на „Тесла“ во Тексас во 2021 година, наводно, поради воведувањето карантин во корона-пандемијата.

Инаку, Маск често се вклучува во американската политика. Во текот на викендов, тој јавно го поддржа Доналд Трамп за претседател на САД.

Инаку, еден од најпознатите милијардери во САД има трансродова ќерка и во една прилика изјави дека „ги поддржува транс-луѓето“, но изрази негодување за употребата на различните заменки, нарекувајќи ги „естетски кошмар“. Минатата година тој најави дека ќе лобира за криминализирање на медицинскиот третман на трансродовите лица, што ќе доведе до, како што рече – „тешки, неповратни промени кај децата под возраста за согласност“.

Прашањето за тоа што училиштата треба да им кажат на родителите за родовиот идентитет на нивните деца стана важно прашање во американското општество. Некои тврдат дека учениците имаат право на приватност, додека други веруваат дека родителите имаат право да знаат што се случува со нивните деца.

- Реклама -