Според податоците објавени вчера, во текот на деноноќието на 16 мај, потврдени се 30 нови случаи на коронавирус во земјава. Регистрирани беа 26 оздравени и тројца починати. Со тоа, вкупниот број на дијагностицирани во земјава, заклучно 16 мај, достигна 1792, од кои 1293 (72.2%) се оздравени, а 101 починаа. Бројот на активни случаи е 398 (22.2%).
Како што покажува извештајот на Институтот за јавно здравје за 16 мај, од вкупниот број пријавени случаи, 25.2% биле или во моментов се хоспитализирани, додека останатите биле или во моментов се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според податоците на ИЈЗ, од вкупниот број на оздравени, 240 (18.6%) биле хоспитализирани, додека останатите 1.053 (81.4%) биле на домашно лекување.
Кај 578 ( 32.3%) од вкупниот број дијагностицирани, не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од вкупниот број на пријавени случаи, кај 547 (30.5%) биле присутни коморбидитети, односно една или повеќе хронични здравствени состојби. Од хоспитализираните случаи, кај 237 (52.4%) биле присутни коморбидитети.
Што се однесува до пoчинатите (5.6%) најголем дел се на возраст над 60 години. Коморбидитети се регистрирани кај 74.3% од cмpтните случаи. Од пoчинатите, 13 (односно 12.9%) пoчинале во домашни услови, а останатите 88 (односно 87.1%) пoчинале за време на хоспитализација.