Играјте си со вашето дете и додека одморате

Децата се неверојатни мали суштества. Во нивните мали глави постои еден огромен имагинарен свет каде можат да се задржат со часови играјќи со нивните коли или кукли.

Без разлика колку кафе ќе испијат возрасните, времето за играње со децата знае да биде навистина истоштувачко. Сепак, наместо да ве задеваат малечките додека одморате, компанијата „Bky Kid on Etsy“, смисли начин на кој ќе ги забавува без да вложите никаков напор.

Станува збор за креативните маици кои се одличен поклон за сите родители на помали деца, а чиј уникатен дизајн се состои од исцртани весели игри кои ќе ве направат присутни во детските игри дури и при кратката дремка. Погледнете за што станува збор.

Playtime-Back-T-shirt-1-600x383 Playtime-Back-T-shirt-2-600x380 Playtime-Back-T-shirt-3-600x570 Playtime-Back-T-shirt-4-600x405

- Реклама -