Во иднина стоматолозите би можеле да прогнозираат рак преку вашата плунка

Стоматолозите наскоро би можеле да станат прв чекор во одбраната од рак преку процес познат како salivanomics – или со други зборови, анализирање на плунка за да се утврди присуство на болест.

Истражувачот од UCLA, доктор Дејвид Вонг во студија објавена во Journal of the American Dental Association тврди дека во плунката има неколку здраствени индикатори. PopSci го објаснува овој процес за дијагностицирање: „Човечката плунка сепак е составена од молекули, и во тие комплексни молекули докторите или стоматолозите можат да го најдат она што го бараат, од протеини до ДНК и РНК.“

„Во основа целиот геном и редица други работи можат да бидат најдени во плунката. Овие молекули можат да бидат идентификувани и изолирани по што врз нив можат да бидат направени серија тестови.“

Прочитајте и:  Хрватска научничка си инјектирала вируси во ракот и резултатите се одлични

Повеќето од нас почесто посетуваат стоматолог отколку општ доктор, а спроведување на овие тестови со едноставен примерок на плунка, може да биде ефикасно како и тест на крвта. Ова сè уште не е чест процес, но треба да стане; следниот пат кога ќе отидете кај стоматолог би можеле да се грижите за вашето општо здравје а не само за вашите заби. [Journal outlines how UCLA researchers are redefining dentistry through ‘salivaomics’]

- Реклама -