Идиоти на денот: Пробале да ограбат банкомат со апарат за заварување

Полицијата во Еверет, Вашингтон, трага по двајца идиоти на 31-годишна возраст, кои пробале да ограбат банкомат во една од банките во градот.

Зошто идиоти? Затоа што користеле апарат за заварување за да го пробијат банкоматот, но притоа ги запалиле и парите кои сакале да ги украдат, предизвикувајќи мал пожар. Пожарот, пак, ги активирал противпожарните аларми. Врвот на сé, на крај мочале за да го изгасат.

Завршиле со празни џебови и со можни изгореници, а сега се во бегство. Банката и полицијата нудат награда од 6.000 долари за секој што ќе им достави информација за несудените крадци, кои нормално, веќе се идентификувани.

 

- Реклама -