Идеја за реално шоу што сите би го гледале

Идејава, ако се реализира, може да вроди со најсмешното реално шоу што некогаш се прикажувало на телевизија. Прочитајте ја до крај (не избрзувајте со заклучоци) и ќе се уверите и самите.

Значи вака:

11 геј мажи и 1 стрејт маж се заклучени во куќа. Поентата е геј мажите да го најдат тој еден што не е геј. Еднаш неделно има гласање и испаѓа еден од кандидатите. И така сé додека останат само двајца, или додека биде исфрлен стрејт мажот.

Ако геј мажите успеат да го исфрлат стрејт мажот, добиваат милион долари. Ако стрејт мажот остане меѓу последните двајца во куќата, тој добива милион долари.

Е сега, ШТОСОТ Е СЛЕДЕН: Никој од мажите всушност не е геј. Секој од нив мисли дека тој е единствениот што е стрејт…

… Што значи дека сите ќе глумат дека се геј, само за да не бидат исфрлени од куќата. Па да видиме кој до каде ќе оди со глумата.

via Reddit

- Реклама -