Идеална возраст за мажење

Стандардниот сон на секоја жена  вклучува венчаница, огромен дијамантски прстен и принц… Треба ли да го одложуваме  остварувањето на тој сон до моментот во кој сме апсолутно сигурни во чувствата? Логично гледано, не вреди да се одложува  свадбата до неопределено време, без оглед на тоа колку години имате. Мажот може да се навикне дека и без тоа добива сè што е потребно, без да ги даде раката и срцето во исплата за вашите најдобри години. Од друга страна, сепак не е мудро да се фрлате преку глава  кон олтарот, само затоа што „другарките ви се омажиле одамна”.

Бракот има предности и минуси на секоја возраст. Токму за нив ќе разговараме во оваа статија.

18 години

Плус: на оваа возраст не е тешко да се најде соодветен кандидат-сопруг, кој нема ниту деца од првиот брак, ниту  поранешна жена. Па можете да заборавите на постојаната љубомора – „Зошто пак оди кај неа, таа не може ли сама да си ги поправи осигурувачите?!”. Тука се и несаканите трошоци – „Треба да го поддржиме сопственото дете“, „неговата поранешна заработува доволно“, „може да помине и без егзистенција “. Накратко кажано, можете да седнете гордо на своето место под сонцето, а не да живеете во сенката на поранешната сопруга, која  исчезнува кога се е во ред, а  почнува да се попречува на патот, кога има потреба од нешто.

Минус: Премногу сте млади, па дали тоа ќе биде навистина засекогаш? Постои можноста подоцна да се појават нешта кои ќе сакате да ги „изживеете“.

Дете: никој не вели дека ќе ви биде лесно. Најверојатно ќе патите од  ненаспаност, темни кругови под очите и нечовечки замор. Но вреди. Во еден прекрасен момент ќе стане чудо – детето ќе порасне, а вие ќе бидете уште млада.

 

25 години

Позитивни: Според  мислењето на тексашки научници, најпознатите долгорочни бракови се склучуваат  на возраст од 23 до 27 години. Има логика – потребата од луди забави  на оваа возраст веќе е умерена, а две-три години подоцна ќе се покаже дека сите пристојни мажи веќе се зафатени.

Минус: одеднаш може да се покаже дека 25 е премалку и дека еден од сопружниците сеуште не ја доживеал својата  „бурна младост”. Неусогласеност во ставовите кога едниот мисли за семејниот буџет а другиот на  ноќни клубови, може да ја натера и најсилна љубов да спласне.

Дете: детето ќе се радува на тоа дека неговата мајка може да се бори со него и да биде силна, одмерена и издржлива.

30 години

Плус: Веќе сте изградена личност и знаете што сакате. Во Германија просечната возраст на младоженците е 33 години, во Австрија – 31, а во Шведска – 35. При тоа едвај некој ќе ве спречи да организирате венчавка според сопствените национални традиции.

Минус: Имате чувство дека  сите мажи се веќе во брак! На голем број на форуми ќе најдете поплаки од страна на немажените дами кои ја  прослават третата декада. Сепак,  ако сте во добра форма – што ве запира да си фатете младо момче?

Дете: Ако родите на 30, немора  да важи народната поговорка дека првото дете е и последната кукла. Ќе имате  доволно животна мудрост и доволно здравје, за да одгледате дете добро.

 

35 години

Позитивни: Одлична возраст за брак, бидејќи со целото свое искуство досега сте се увериле дека нема смисла да барате кусури на подароците на судбината. Најважно е да не мислите на  возраста, како  пречка при формирањето  на нова врска и да имате самодоверба и достоинство. Освен тоа жените на околу 35 се доволно привлечни и за помладите мажи.

Минус: Ќе морате да научите да живеете во хармонија не само со својот сопруг, но и со неговата поранешна жена (најверојатно ќе има таква), па и со децата од неговиот претходен брак.

Дете: Време е да забремените и да родите, ако уште не сте го направиле тоа. По 35-годишна возраст плодноста почнува да опаѓа, кај некои побавно, а кај други – побрзо.

45 години

Позитивни: Веќе сте стекнале завидно  искуство, а розовите очила се прибрани во шкафче за употреба по желба. Ако успеете да постигнете рамнотежа помеѓу компромисите во името на љубовта и сопствените интереси, бракот може да биде најубавото што ви се случило некогаш (дури и ако далеку не е прв таков). И никој нема да ви забрани да бидете среќна како девојка дури и на 45.

Минус: подобро ќе биде доколку  избраникот е помлад од вас, поради потентноста во сексуалниот живот. Сексуалните можности на жената си остануваат исти како во младите години дури и на 45, но за мажите не секогаш може да се каже истото. Токму од таа возраст активноста на посилниот пол тргнува по коса крива надолу.

Дете: Некои особено смели жени раѓаат и на педесет години. Но  здравата  граница од 43 години не е  случајна.

 

Над 50 години

Позитивни: нема потреба да се објаснувате со најблиските и да ја образложите секоја  своја одлука. При изборот на партнер ќе бидете  водени од принципот „Тоа ме прави среќна” и од височините на искуства ќе направите добра проценка.  Ќе живеете онака како што ви се допаѓа.

Минус: Периодот на адаптација  се одвива потешко. Возраста дава не само искуство, но и оформени навики и сфаќања, кои тешко ќе ги промените поради саканиот.

Дете: Можете да се потсетите што е, гледајќи ги  внуците. Постојат и ретки случаи на бременост во овие години, но сепак, веројатно веќе имате дете од претходен брак, па се чувствуавте изнамоштено да почнувате од почеток како родител.

- Реклама -