И татковците знаат да бидат мајки (на свој начин)

Некои сметаат дека мајчинската љубов е незаменлива и дека посилниот пол е порезервиран во изјавувањето на љубов кон своите деца. Следниот случај дефинитивно ги негира ваквите тврдења, а главниот протагонист е уште еден кандидат во морето за најдобар родител.

Интернет е преплавен со фотографиите што еден самохран татко ги постави на Reddit.com, под прекарот P-Rickles. На нив се гледаат двете негови нозе, од кои едната – очекувано, машка и влакнеста, а другата – целосно мазна и потполно избричена.

0455007.73

Вo објаснувањето се наведува дека неговата 12-годишна ќерка го прашала кога ќе и покаже како се бричат нозе, па тој, користејќи се себе си за пример, ги демонстрирал методите на безбедно бричење и избегнување на посекотини и слични повреди.

„Беше малку загрижена дека ќе се исече или повреди, што би резултирало со белези, па и покажав како со правилна употреба на бричот може да се избегнат таквите неволји.“, објаснува самохраниот, и според многумина Интернет коментатори, најдобриот татко на светот.

- Реклама -