И Руне го откажа настапот во Париз


Најдобриот дански тенисер, 21-годишниот Холгер Руне, се повлече од Олимписките игри во Париз поради повреда на зглобот на левата страна, објави тој на социјалните мрежи, набрзо откако и моментално првиот светски рекет Италијанецот Јаник Синер се откажа од настапот на Олимписките игри во Париз поради воспаление на крајниците.

Руне оваа седмица требаше да настапи на турнирот во Умаг, но поради повреда го откажа настапот. За негова жал, тој не успеа да се опорави, па беше принуден да ги откаже Олимписките игри.

„Навистина ми е жал што нема да можам да се натпреварувам на Олимпијадата. Тоа е нешто што со нетрпение го очекував”, напиша Руне на X.

Играв со болки во зглобовите во текот на сезоната на земјена подлога и трева, па морам сериозно да ги сфатам препораките на лекарот“, изјави 16-от тенисер во светот.

Руне последен пат се натпреваруваше минатата седмица во Хамбург каде што се повлече од својот четвртфинален натпревар против евентуалниот шампион Артур Филс од Франција, додека губеше со 4-6, 1-4.

- Реклама -