Со овој пораз Аргентина има гол-разлика -21, а Македонија -22, така што јасно е дека само победа над Јужноамериканците би нѐ однела во главната фаза во Катовице. Ако Аргентинците загубеа со 12 разлика, резултат кој беше актуелен во последната минута од вечерашниот дуел со Норвешка, тогаш Македонија ќе ја имаше предноста на реми, само затоа што има повеќе постигнати голови.