И Лав Толстој бил вегетаријанец

Leo-Tolstoy[1]

Лав Толстој е еден од најзначајните руски писатели и нема потреба постојано да се пишува за најважните детали од неговиот живот или неговите литературни дела. Но тоа што е помалку познато е дека последните 25 години од животот, Толстој бил вегетаријанец и ја пропагирал таквата исхрана и кај другите.

Толстој отворено станал вегетаријанец на 50-годишна возраст, по средбата со позитивистот и вегетаријанец Вилијам Фреј, кој поред синот на Толстој, го посетил големиот писател есента во 1885 година. Толстој настојувал да води живот во хармонија и спиритуален развој – нешто што верувал дека е можно само ако не јаде месо и избегнува мирување, агресија и често прејадување. Толстој верувал дека ако луѓето се помалку агресивни и престанат да ги уништуваат сите нешта во природата што им ги дал животот, светот би живеел во комплетна хармонија.

Но неговиот животен стил не бил отсекогаш таков. Во 1860-тите и 1870-тите, Толстој пушел цигари, пиел вино и ракии, и јадел месо и ловел животни. Почнувајќи во 1880-тите, особено откако го сретнал Фреј, почнал да прави промени. Станал вегетаријанец, иако за почеток сé уште пиел млеко и јадел јајца. Почнал и да станува рано, да ја уредува собата, да сече и цепи дрва, да пумпа вода од бунарот и да ја внесува водата во куќата во голема када.

Научил чевларство и почнал сам да си ги поправа своите чевли. Престанал да пие алкохол и почнал да се одвикнува од пушењето (конечно престанал да пуши во 1988). Исто така почнал и да го промовира вегетаријанизмот пишувајќи и испраќајќи текстови до списанијата и весниците, како и да го поддржува отварањето на вегетаријански таверни. Набрзо вегетаријанки станале и неговите две ќерки, а и неговата сопруга Софија Андреевна, кон крајот на својот живот.

leo

Еве примерок од најдобрите пасуси на Толстој поврзани со јадењето животни:

„Ако човек аспирира кон праведен живот, неговиот прв чин на апстиненција треба да е од повредување на животни“ – The First Step

„Човек може да живее и да биде здрав без да убива животни за храна; затоа, ако јаде месо, тој учествува во одземањето на животинскиот живот само заради апетит, и ништо повеќе. А да се постапува така е неморално“ – On Civil Disobedience

„Вегетаријанското движење настојува да ги исполни со задоволство душите на тие кои во срцето го носат сознанието за Божјото царство на земјата, не затоа што вегетаријанството самото по себе е толку важен чекор кон реализацијата на ова царство (сите чекори се еднакво важни или неважни), туку бидејќи служи како критериум и пример по кој знаеме дека стремежот кон морална перфекција од страна на човекот е искрен и автентичен“. – News Review, 1892

Патем да споменеме дека Толстој е далеку од тоа да биде сметан за првиот голем мислител кој го присвоил вегетаријанството од морални причини; постојат неколку писанија што сугерираат дека и Леонардо Да Винчи се откажал од месо, а вегетаријанци биле и Никола Тесла, Махатма Ганди, Џорџ Бернард Шо и Франц Кафка, меѓу другите.

- Реклама -