Фејсбук статус на премиерот Оливер Спасовски
На денешната седница на Владата донесовме одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарина и грејпфрут и клементините, и определивме дека највисоката трговска маржа на овие производи ќе биде таа која што се применувала до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на Коронавирусот.
На седницата донесовме одлука важноста на патните исправи и личните карти, чиј рок на важење е истечен да се продолжи за време на траење на вонредната состојба.
На седницата ги задолжвме Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи да подготват анализа и план за евентуално воведување многу порестриктивни мерки за движењето на граѓаните.
Врз основа на нивните анализи, Владата ќе донесе соодветни одлуки.
На оваа седница ја разгледавме и информацијата на Министерството за надворешни работи за бројот на наши државјани оваа ситуација ги затекна во други држави. За да им се обезбеди можност да се вратат во земјата, ќе се подготви посебен план за хуманитарни летови, а нивна законска обврска ќе биде кога ќе се вратат да прифатат дека ќе мора да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани.