Хуманитарен креативен Велигден на Рамстор Мол и дечињата од домот 11 Октомври

По повод големиот христијански празник Велигден, утре (09.04) четврток во Рамстор Мол ќе се одржи голема хуманитарна креативна работилница за боење на уникатни велигденски јајца во која главни креативци ќе бидат децата од домот 11 Октомври, работилницата започнува во 11.30 часот .

Посетителите на Рамстор Мол, ќе добијат можност во живо да го следат и да се вклучат во креативниот процес на создавање на велигденските јајца, да си купат јајце и со тоа да донираат во специјалната кутија за донации која ќе биде поставена во трговскиот, а средствата ќе бидат наменети за децата и домот.

v

 

Во рамки на Велигденските активности истиот ден од 13 до 19 часот сите дечиња добиваат можност во супермаркетот во Рамстор Мол да ја покажат својата креативност во боење на јајца.
Рамстор Мол ги кани сите хумани граѓани да бидат дел од овој празничен хуманитарен настан за заедно да го разубавиме Велигден на децата од домот 11 Октомври.

- Реклама -